Походот кон Хрватска започнува со Украина

По вчерашната ждрепка во Дубровник, пред Македонија се отвори патот кон Европското првенство 2018. Сениорите го започнуваат својот поход од групата 4, каде како носители ќе бидат репрезентативците на Исланд, покрај нив македонските ракометари ќе се натпреваруваат со Чешка и репрезентацијата на Украина.

Првиот натпревар од новиот европски квалификациски циклус е закажан за 2-ри или 3-ти ноември 2016, а Македонија ќе биде домаќин на аутсајдерот Украина. Веќе наредната седмица Македонија ќе замине за Чешка, каде ќе одигра уште еден трет дуел оваа година со истиот противник. Пролетниот дел од наредната сезона на репрезентативен план ќе го одбележи двомечот со Исланд, првиот дуел се игра на почетокот на мај (3/4 мај) во Скопје, додека возвратниот дуел во Рејкјавик е закажан за три дена подоцна (6/7 мај). Јунскиот дел од квалификациите ќе ги дадат патниците за Европското првенство во Хрватска, а Македонија ќе ги одигра двата клучни натпревари, на почетокот на јуни ќе гостува во Украина, а седум дена подоцна пред своја публика ќе го заокружи својот настап против репрезентацијата на Чешка.

2–3 ноември 2016 Исланд  vs.  Чешка
2–3 ноември 2016 Македонија  v  Украина

5–6 ноември 2016 Украина  vs.  Исланд
5–6 ноември 2016 Чешка   vs.  Македонија

3–4 мај 2017 Македонија  vs.  Исланд
3–4 мај 2017 Украина  vs.  Чешка

6–7 мај 2017 Исланд  vs  Македонија
6–7 мај 2017 Чешка  vs.  Украина

13–14 јуни 2017 Чешка   vs.  Исланд
13–14 јуни 2017 Украина  vs.  Македонија

17–18 јуни 2017 Исланд  vs.  Украина
17–18 јуни 2017 Македонија  vs.  Чешка

Двете најдобри репрезентации од оваа група ќе настапат во еден од четирите градови домаќини на ЕУРО 2018, Пореч, Сплит, Вараждин или Загреб.