Потег на мечот: Мице Шилегов го измести голманот на Динамо (ВИДЕО)

На дуелот меѓу Динамо од Панчево и Металург младиот ракометар на тимот од Скопје, Мице Шилегов го имаше потегот на натпреварот. Десното крило се најде на терен во второто полувреме и брзо успеа да се снајде и да го совлада противничкиот голман.

Шилегов успеа да погоди во 43. минута при резултат 12:20, а потегот е дефинитивно за да се види неколкупати.