Португалија не запира, ја преслуша и Франција и влезе во битка за медал

Репрезентацијата на која ја елиминираше Македонија на патот кон четврт-финалето одржа уште една лекција на Мундијалот, а денеска дојде до победа и против фаворизираните Французи и тоа со 31:26.

Португалците беа во предност во текот на целата средба, а мечот го решија уште во првите 30 минути кога создадоа позитива од четири гола и водеа со 14:10. Овие четири погодоци потоа беше лесно да се чуваат така што без поголеми проблеми се обезбеди триумф во овој четвртфинален двобој.

Противник на Португалија во полуфиналето ќе биде Египет, состав кој игра сè подобро и покажува повисоко ниво на форма. Египет денеска го совлада Исланд со 35:31. Оттаму ова ќе биде максимално интересен дуел.

Во второто полуфинале ќе играат Германија и Данска. Германците беа најубедливи во четврт-финалето и ја совладаа Унгарија во меч со малку голови со 26:16. Данците, пак, со пресврт дојдоа до победа над Шпанија. Откако губеа со 9:10 на полувреме во вторите 30 минути надоместија и стигнаа до триумф од 23:19.

Ова е одлична најава за интересни натпревари во полуфиналето в сабота.

РЕЗУЛТАТИ ОД ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

ЕГИПЕТ – ИСЛАНД          35:31 (21:14)

ГЕРМАНИЈА – УНГАРИЈА             26:16 (14:7)

ФРАНЦИЈА – ПОРТУГАЛИЈА      26:31 (10:14)

ШПАНИЈА – ДАНСКА    19:23 (10:9)

ДВОЈКИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ (САБОТА, 17 АВГУСТ)

ЕГИПЕТ – ПОРТУГАЛИЈА

ГЕРМАНИЈА – ДАНСКА