Поразот од Вардар му пресуди: Веспрем го отпушти тренерот Врањеш

Унгарскиот вицепрвак Веспрем реши да направи „длабок рез“ во клубот и после поразот од Вардар во саботата почна да дели откази. Прв на листата е тренерот Љубомир Врањеш кој вчера добил отказ заедно со клупскиот менаџер Еклемовиќ.

Откако Вардар победи со 27-25 во третото коло на ЛШ, особено бесни биле навивачите кои не можеле да го скријат сопствениот бес. Се обиделе да влезат прво на прес-конференцијата, а потоа и во соблекувалната и физички да се пресметаат со тренерот. Врањеш со полиција бил изнесен од салата, но имало многу вербални напади кон него.

Според информации играчите подолго време биле против методите што ги применувал Врањеш, особено што на барање на тренерот им биле намалени платите и многу други бенефции. Сега оние постарите повторно го дигнале гласот, а поразот од Вардар бил „добредојден“ за смена на Врањеш.

По три одиграни кола во А групата од Лигата на шампионите Веспрем е на 6 место со една победа и два порази. Лани ја загубија титулата во првенството на Унгарија, но управата му даде шанса на Врањеш да продолжи. Дополнително беа потрошени пари за ангажирање на нови засилувања, меѓу кои у Петар Ненадиќ за кого клупот плати неколку стотин аилјади евра обештетување. Но, и покрај тоа во клубот нема „хемија“ и не ги постигнува резултатите што ги поскауваат.

Врањеш немаше успех ни како селектор на Унгарија на последното ЕП во Хрватска лани, па откако ги потроши сите кредити ќе мора да се врати во Германија и таму да побара ангажман.

Наследникот на Врањеш ќе се знае за неколку денови.