Поради преполната сала: РФМ се извини – навивачите си ги бараат парите

Средбата меѓу Македонија и Турција која се играше во Битола привлече големо внимание и трибинитево салата „Боро Чурлевски“ беа исполнети до последно место. Покрај тоа штоимаше 3500 навивачи во салата имаше уште најмалку 500 фанови надвор кои упорночекаа да влезат во салата.

Со оглед на тоа што овој натпревар беше во заедничка организација меѓу РФМ и Пелистер, од Ракометната федерација на Македонија беше објавено соопштение во кое тие информираат каде биле ингеренциите за продажба на билетите.

„Ракометната Федерација на Македонија ги отстапи влезниците во целост на РК Пелистер за квалификацискиот натпревар помеѓу Македонија – Турција кој се одржа во спортската сала ‘Боро Чурлевски’.

Ракометната Федерација на Македонија упатува извинување до сите кои имаа обезбедено влезници, а немаа можност да присуствуваат на натпреварот и истите ќе бидат финансиски надоместени од страна на РК Пелистер“, стои во соопштението од РФМ.