Популарните ,,лавови“ на чекор до титулата во Германија

На две кола до крајот на најпопуларната машка ракометна лига, екипата на Рајн Некар Ловен е на добар пат да го симне Кил од шампионскиот трон. Тие во првиот натпревар од претпоследното 33 коло на домашен терен ја демолираа екипата на Меслунген со 41-28, и во овој момент имаат 2 бодови предност пред директниот конкурент Кил. Имајќи го предвид фактот дека на Кил му престои лесно гостување против екипата на Лубек по што најверојатно ќе се изедначат со бројот на поени, оваа голема „резултатска победа“ на Рајн Нехар Ловен може да биде пресудна во борбата за шампионската титула. Сега од Кил се очекува на гостувањето во Лубек да забележи што повисока победа доколку сака да остане во трка за шампионскиот пехар. Доколку на крајот и двете екипи имаат еднаков број на бодови вкупната гол разлика ќе пресуди кој ќе биде на врвот, а „лавовите“ во овој момент имаат значајна позитива на тоа поле. Рајн Нехар Ловен има (+229 гол-разлика), додека Кил има(+208 гол-разлика), разлика од +21 гол која во случај на еднаков број бодови по завршување на последното 34 коло ќе биде тешко достижна.
Сите прогнози велат дека последното 34 коло во кое „зебрите“ се домаќини на Фуксе Берлин, а „лавовите“ гостуваат на Гумерсбах ќе го даде шампионот на Германија. 

33 коло

14.05.2014 Рајн Нехар Ловен-Меслунген 41-28
18.05.2014 Лубек-Кил (15:00)

34 последно коло

24.05.2014 Кил-Фуксе Берлин(16:00)
24.05.2014 Гумерзбах-Рајн Нехар Ловен(16:00)