Поповски : Натпреварот со Данска ќе биде како финале за нас

Македонската ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз на Европското првенство во Хрватска откако загуби од репрезентацијата на Шпанија со високи 20-31 (6-15). Разочарувањето не го криеше и младото репрезентативно крило Мартин Поповски кој истакна дека поразот боли но се надева дека ќе се врати позитивната атмосфера во тимот и дека ќе се радуваме на нови победи.

„ Ова е тежок пораз, но нас повеќе не боли неизвесната ситуација со повредата на Кире Лазаров. Мислите сега ни се повеќе насочени кон таа ситуација. Во однос на натпреварот со Шпанија сега не можеме да смениме ништо. Продолжуваме со кренати глави. Имаме уште два натпревари и мислам дека ако го дадеме својот максимум можеме да ги добиеме и двете репрезентации. Најпрво ќе се фокусираме да ги добиеме Чесите, а ако ни успее натпреварот со Данска ќе биде како финале за нас . “ заврши Поповски

Следниот натпревар против Чешка, македонската репрезентација го игра во вторник, а во среда е последниот дуел од втората фаза против репрезентацијата на Данска .