Познат составот на Македонија: Раул одбра 16 „лавови“ за пресметката со Турција

Селекторот на македонската репрезентација Раул Гонзалес, ги одбра 16-те ракометари, кои денеска ќе бидат во ростерот за првиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година против Турција.

Од оние 20 ракометари што тренираа во пресрет на овој дуел отпаднаа голманите Никола Митревски и Златко Даскалоски, како и средните бекови на Еурофарм Работник, Филип Чурлевски и Горан Крстевски.

Судии на вечерашната средба се Унгарците Петер Суди и Петер Херцег, додека делегат е Небојша Вујсиќ од Црна Гора.

Натпреварот меѓу Македонија и Турција се игра вечерва во салата „Боро Чурлевски“ во Битола со почеток од 20:15 часот, додека вториот натпревар од оваа фаза ќе биде одигран во Кожани против Грција, в недела од 16:00 часот.