ЧСМ Букурешт преку ФТЦ до Ф4: Европскиот првак ќе ја брани титулата

По победата над ФТЦ (25-20) остварена пред една недела во Букурешт, актуелниот шампион ЦСМ уште еднаш триумфираше над ФТЦ Будимпешта 27-26 и стана првиот патник на „фајнал фор“ турнирот.

Со одличен погодок од девет метри Торстенсон го отвори натпреварот, но за кратко време Зачик изедначи на спротивната страна. Се играше гол за гол, за ЦСМ Букуршет да стигне до посериозно водство на средина на 8та минута 6-3. Сепак преку расположената Јовановиќ, за помалку од четири минути ФТЦ го изедначи резултатот. Уште еднаш Кармен Мартин донесе позитива од три погодоци за својата екипа, но домашните ракометарки кон крајот повторно изедначија и заминаа на пауза со резултат 15-15.

Повторно Јовановиќ беше успешна на стартот на вториот дел, но Ајглон на спротивната страна брзо возврати. На почетокот на 40та минута, ЦСМ имаше минимална предност благодарение на погодокот на Ниомбла 20-19, а предноста ја зголеми на 3 погодока во 48та минута со првиот погодок на Базилу. Актелните шампионки успешно го контролираа резултатот до крајот и забележаа ушта една победа над ФТЦ 27-26 со која обезбедија пласман на Ф4 турнирот.

Најефикасна во таборот на ЦСМ беше Мартин со 5 погодоци, додека кај ФТЦ Јовановиќ постигна 5.