Познат „ол-стар тимот“ на женскиот олимписки турнир

Доминацијата во текот на целиот олимписки турнир, Русија ја потврди со искачување на највисокото место на пиедесталот. Франција немаше сили да го сопре рускиот налет, па така им дозволи на противниците да се радуваат на златото. Во малото финале пак, Норвешка немаше проблеми против Холандија и се закити со бронзениот медал.

Во идеалниот тим на првенството се најдоа по две ракометарки од Русија, Франција и Норвешка и една ракометарка од Шведска.
Русија исто така го имаше најкорисниот играч на олимпискиот турнир, а од таборот на Норвешка дојде најдобриот стрелец.

Најкорисен играч: Ана Вјахирева (Русија)
Најдобар стрелец: Нора Морк (Норвешка) – 64 погодоци

„Ол-стар тим“
Голман: Кари Гримсбо (Норвешка)
Лево крило: Полина Кузнецова (Русија)
Лев бек: Алисон Пино (Франција)
Централен бек: Дарја Дмитирева (Русија)
Десен бек: Александра Лакрабер (Франција)
Десно крило: Натали Хагман (Шведска)
Линиски играч: Хејди Локе (Норвешка)