ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еурофарм без Чурлевски, но со Кукоски против Бидасоа (ФОТО)

Екипата на Еурофарм Работник ќе го одигра мечот од 10. коло од Лигата на шампионите пред своја публика, а ова ќе биде дуел на кој ќе има измени на клупата бидејќи тимот ќе го водат Божидар Мојсов и Ице Соколески.

Сепак, без разлика на измените нема да има сигурно големи измени во играта така што се очекува ова да биде средба на која ќе биде виден интересен ракомет. За очекување е да има неизвесност на теренот како и на повеќето средби сезонава во Лигата на шампионите.

Шансата за Еурофарм Работник постои со оглед на тоа што противникот веќе е пласиран во плеј-офот од Лигата на шампионите каде што го чека ривалот со кој ќе игра во февруари. За битолчани ова е последен меч во Лигата на шампионите сезонава и секако би било убаво сезоната да биде финиширана со триумф.

Во стандардниот ростер на домашниот тим се враќа дефанзивецот Милорад Кукоски, додека ќе го нема средниот бек Филип Чурлевски.