Познати датумите за ракометниот турнир на Олимписките Игри

Иако има уште повеќе од година дена до одржувањето на Олимписките игри во Токио, веќе се познати датумите за натпреварите на ракометниот турнир.

На 25 јули ќе започнат натпреварите во машка конкуренција од групната фаза, додека ден подоцна ќе почнат и дуелите во женска конкуренција.

Четвртфиналињата кај мажите се планирани за 4 и 5 август, а олимписките шампиони ќе бидат познати на 8, односно 9 август.

Натпреварите ќе се играат во салата “Јојоги”.