Подравка подобра од Бјасен

Квалификации за ЛШ – Група 2 ( Крагуевац)

Бјасен – Подравка 23 : 31 ( 9 – 18)

Во Крагуевац со натпреварот Бјасен – Подравка Вегета започна борбата за влез во Лига на шампионите. Екипата од Норвешка како домаќин во спортската сала ” Езеро” се прикажа во бледо ракометно издание. Натпреварот заврши со резултат 23 : 31 ( 9 – 18) за ракометарките на Подравка. Најзаслужна за победата беше голманот на Подравка – Мирјана Миленковиќ која беше нерешлива енигма за норвешките ракометарки и нејзината игра беше надополнетна со одличeн перформанс на бековското трио – Живковиќ, Трифуновиќ и Татари кои делуваа премногу моќно за ракометарките на Бјасен .

Со одличната игра прикажана денес Подравка заслужено патува во финалниот натпревар. Најрасположена во дресот на Подравка беше Јелена Живковиќ која упати 10 прецизни удари, а капитенот Миринда Татари постигна седум голови. Кај поразениот тим на Бјасен најефикасна беше ракометарката Хјертнер Мариа со шест голови.