Подготовките започнаа за бундес-гигантите (Фото)

На 17 јули започнаа официјалните подготовки на екипата на Кил, прв фаворит за освојување на Лигата на шампионите 2014/2015. Во спортскиот комплекс на унивезитетот во Кил, 18 супeрѕвезди започнаа со подготовките за претстојната сезона и одбрана на трофејот во Бундеслигата. Под водство на Гисласон и помошниците Јон Уве Ламел и Хинрих Брокман, новите „зебри“, Штефан Вајнхол, Домагој Дувњак и Јоан Канељас ќе се обидат да го направат и последниот чекор до трофејот во Лигата на шампионите, откако оваа година во финалето останаа со празни раце. На патот до покорување на ракометна Европа ќе му застане и македонскиот шампион Металург кој во групната фаза ќе се надева на изненадување пред своја публика во арената „Борис Трајковски“. 10483243_10152949377836102_2852909838294905905_n 1907750_10152951402376102_7851082787121898578_n 10471111_10152951402411102_8218667218797208116_n 10346538_10152951402076102_4740616140814000862_n 936078_10152951402091102_4103584492902569853_n

*Фото: facebook.com/thwhandball

Противникот на Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите, германскиот вице-првак Рајн Некар Ловен, подготовките за претстојната сезона ги започна од тренинг центарот на „лавовите“ во Мајнхем на 15 јули. Новиот тренер на гермаскиот вицепрвак, Николај Јакобсен, ќе има тешка задача да го повтори успехот од минатата сезона, кога трофејот на Германија им избега за само два погодока во вкупната гол разлика со Кил. Во наредната сезона новиот предводник ќе може да смета и на Мадс Ларсен Менсах, Харалд Раинхард, Бастијан Рутчман како и на германскиот репрезентативен бек Штефан Кнеер кој доаѓа од екипата на Магденбург. Тимот оваа сезона го напуштија тренерот на екипата и нов дански селектор Гудмундур Гудмундсон најдобриот норвешки пивот Бјарте Мирхол како и катарскиот репрезентативен голман Горан Стојановиќ.

10443364_10152239831880679_63497688976878210_n10553493_10152239836815679_4259332850152389853_n 994438_10152239836655679_2756766501006715541_n 10557439_10152239836465679_6721800290597068404_n 10501634_10152239835575679_8992687495884052927_n 10527631_10152239834790679_7515264451347024634_n 10521728_10152239834430679_1665125524898973613_n 10552584_10152239834075679_6542601980720836895_n

*Фото: facebook.com/rnloewen