Погодоците на Војводиќ и Шилегов во избор за гол на 2. коло во СЕХА (ВИДЕО)

Најубавите погодоци на дуелите на кои настапија Вардар и Металург во 2. коло од СЕХА-лигата влегоа во потесна конкуренција за гол на оваа рунда од новата сезона.

Јања Војводиќ го имаше потегот на средбата против тимот на Горење, додека Мице Шилегов на гостувањето на Металург во Панчево кај Динамо. Двајцата влегоа во трка за гол на колото заедно со Марин Јелиниќ (Нексе), Стипе Мандалиниќ (ППД Загреб) и Петар Ѓорѓиќ (Брест Мешков).