Повреда за еден од најталентираните дански ракометари

Екипата на Киф Колдинг Копенхаген на почетокот на престојната сезона нема да може да смета на услугите на својата млада ѕвезда и еден од најталентираните дански ракометари, Ласе Андерсон. Тој има мала повреда на коленото и оваа недела мора да оди на операција која ќе го одалечи од ракометните терени 4 до 6 недели. Тоа е повреда која Андерсон ја влече подолг период и која му прави проблеми не само на ракометниот терен туку и во секојдневниот живот.

Тоа е повреда која ми пречи и во секојдневниот живот, и затоа во сечии интерес е да ја санирам што побрзо, и да се вратам посилен на ракометниот терен.

Тренерот на Колдинг, Арон Кристијансон се надева на брзо враќање на својот млад ракометар, но исто така потенцира дека во неговата екипа има доволно квалитетни ракометари на секоја позиција.

Ласе е талентиран ракометар, но за наша среќа ние имаме повеќе такви ракометари. Лукас и Бо покажаа одлична игра минатата сезона. Го имаме и Ким Андерсон на бековската позиција а сите знаеме што значи тој за нашата екипа. Оптимист сум за наредната сезона.