Победнички старт за Георгиевски и Шундовски во Романија

Тимот на ЧСМ Букурешт, кој од клупата е предводен од поранешниот македонски селектор Звонко Шундовски, а на теренот од Гоце Георгиевски, имаше победнички старт во новата сезона во романскиот шампионат.

ЧСМ забалежа победа на гостувањето кај Калараши со 34:28, а со оглед на неочекуваното реми меѓу Баја Маре и шампионот Динамо, уште отсега тимот на Шундовски и Георгиевски може да се смета за главен фаворит за титулата.