Писонеро за 24Ракомет ТВ: Постојат две причини зошто сум во Вардар (ВИДЕО)

Новиот тренер на Вардар е Давид Писонеро, кој дојде на местото на Роберто Гарсија Парондо и ќе ја продолжи низата на шпански стратези во македонскиот тим.

Тој вели дека има две причини зошто ја прифатил понудата да се пресели во Скопје.

„Начинот на игра кој се практикува тука ми е добро познат, но јас сепак почнувам од почеток и се надевам ќе го оправдам сето тоа што го кажале моите претходници за мене“, вели Писонеро.

Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот…