Петров со Гвадалахара обезбеди осминафинале на Кралскиот Куп

Тимот на Гвадалараха, каде што настапува македонскиот интернационалец Костадин Петров, обезбеди место во осминафиналето на Купот на Кралот.

Гвадалахара славеше на гостински терен убедливо со 23-30 над составот на Кордоба и се пласира во следната фаза.

Таму се најде и Синфин Сантандер на Дарко Димитриевски, а ривалите на Синфин и Гвадалахара во осминафиналето ќе бидат познати наскоро.