Песоа за 24Ракомет ТВ: Дојдов тука за повторно да ја освојам Лигата на Шампионите (ВИДЕО)

Македонскиот шампион вчера против Мец стигна до седмата последователна победа во Лигата на Шампионите. Вардарки имаа неизвесна завршница, но на крајот успеаа да стигнат до нови два поена со кои се зацврстија на првата позиција во групата 1 и сигурно чекорат кон четврт-финалето.

Следниот предизвик за избраничките на Дејвис е Турингер, а за очекувањата од овој натпревар и Лигата на Шампионите погледнете ја изјавата на Маиса Песоа во видеото подолу.