Пан Американски квалификлации за пласман на СП Катар 2015: Бразил и Аргентина се пласираа во Катар, Чиле и Уругвај во борба за последниот билет

На Пан Американските квалификации за пласман на 24-то Светско првенство во Катар 2015 година кои се одржуваат во Уругвај, фаворизираните репрезентации на Бразил и Аргентина го осигураа својот билет за Катар 2015.

Двете репрезентации беа доминантни во групната фаза и со 3 победи од 3 одиграни натпревари се пласираа во полуфиналето. Во полуфиналните натпревари репрезентацијата на Аргентина го совлада домаќинот Уругвај со 30-16, додека пак Бразил беше поуспешен од Чиле со резултат 36-28.

Денес од 18:00 часот во натпреварот за 3-то место помеѓу репрезентациите на Уругвај и Чиле ќе го дознаеме и последниот патник на СП во Катар од Пан Американските квалификации.

Финалето помеѓу Бразил и Аргентина по кое ќе дознаеме кој ќе биде шампион на Пан Американските квалификации се игра денес од 20:00 часот.