Ојлески втор стрелец во првата победа на Одорхеи

Македонскиот репрезентативец Гоце Ојлески, кој ја започна втората сезона како интернационалец во романскиот Одорхеи, беше втор стрелец во победата на неговата екипа на гостувањето кај Решица со 26:25 во рамките на првото коло.

Левото крило беше стрелец на 6 голови, додека горан Кузамновски двапати се запиша во листата на стрелците. Во составот на Одорхеи настапува и третиот македонски интернационалец, Милорад Кукоски.