Ојлески: Верувам дека ќе се издигнеме…

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Работник се раздели со стратегот Стевче Алушовски минатата седмица, а во негово отсуство, тимот на дуелот со шпанска Бидасоа ќе биде предводен од Божидар Мојсов.

Капитенот Гоце Ојлески верува дека Еурофарм Работник ќе излезе од кризниот период.

„По еден турболентен период за нас, следува последниот натпревар од Лигата на шампионите сезонава. Бидасоа Ирун покажа најмногу и затоа е лидер во групата. Им ја даваме фаворитската улога в сабота. Но ние веруваме дека ќе се издигнеме и ако дадеме максимум можеме да ги победиме“,  вели Ојлески.

Натпреварот меѓу Еурофарм Работник и Бидасоа Ирун се игра в сабота со почеток во 17:30 часот.