ОФИЦИЈАЛНО: Ристовски во Рајн-Некар до 2018!

По минувањето на медицинските прегледи и потпишувањто на договорот, Борко Ристовски денеска е официјално преставен  како нов голман на германската екипа Рајн-Некар Левен до летото 2018. На Ристовски ова му е второ искуство во германската Бундес лига откако две сезони играше за Гумерсбах.

„Борко е искусен голман кој веќе играл во Бундеслигата. Јас сум задоволен што успеавме да го реализираме овој трансфер за кратко време и што Борко веќе денеска може да ни помогне во натпреварот против Мелсунген “

– истакна тренерот на Рајн-Некар,  Николај Јакобсен по потпишување на договорот.

Ристовски во Рајн-Некар дојде од француската екипа Кретеј,  за која во четвртокот го одигра последниот натпревар и имаше солиден ефект од седум одбрани (22 удари).