ОФИЦИЈАЛНО: Кристијанштад со нов тренер против Вардар

Шведскиот првак Кристијанштад ќе има нов тренер на клупата пред средбата против Вардар во Лигата на шампионите.

Љубомир Врањеш по заминувањето од Веспрем беше мета на многу медиумски шпекулации, меѓу кои и преземање на Мешков Брест.

Но од сето тоа нема ништо и тој денеска беше промовиран како нов предводник на Кристијанштад, каде ќе го замени некогашниот репрезентативен колега, Ола Линдгрен.

Пред две сезони Врањеш беше предводник на Фленсбург, а потоа се пресели во Унгарија, но не се пролави.

Вардар секогаш имал успех против екипите предводени од овој шведски тренер, па се очекува дека низата ќе продолжи и на гостувањето во Шведска за три седмици.