ОФИЦИЈАЛНО: Димитриевски го продолжи договорот со Синфин

Македонскиот интернационалец и повремен репрезентативец Дарко Димитриевски, и следната сезона ќе биде дел од Асобал лигата.

Тимот на Синфин Сантандер му понудил нов договор на нашиот бек, а денеска беше официјализирана и новата соработка.

Димитриевски претходно беше дел од Сагунто и Адемар Леон, веќе е адаптиран во Шпанија, а стана и лидер на Синфин, со кој има шанси за пласман во европските купови.