ОФИЦИЈАЛНО: Висла Плоцк ја промовираше замената за Толедо

Поранешниот ракометар на екипата на Барселона, Фуксе Берлин, данскиот Колдинг, Мешков Брест… Константин Игропуло, и дефинитивно ќе биде замената за Толедо во редовите на Висла Плоцк.

Ракометарот кој веќе има 35 години и игра на позицијата десен бек доаѓа во клубот од Полска, а потпиша договор на една плус една година. Тој е играч кој со своето искуство сигурно ќе помогне многу во играта на вториот по квалитет тим во Полска и дефинитивно играч кој знае и во напад и во одбрана.

„Благодарам на управата и на Чави Сабате за довербата. Убеден сум дека ќе ја оправдам“, кратко изјави рускиот интернационалец.

Висла остана дефинитивно дефицитарна на десен бек, па сега го затвори прашањето, но тука не застанува потрагата бидејќи постои заинтересираност и за Доминик Мате, кој има 20 години, а настапува во редовите на Балатонфуреди.