Официјално: Ваел Жалуз е нов играч на Барселона!

Веста за која информиравме пред неколку дена, денеска беше и официјално потврдена. Левиот бек на туниската репрезентација и довчерашен ракометар на Кил, 23 годишниот Ваел Жалуз потпиша две годишен договор со Барселона и наредните две години ќе ги брани боите на каталонскиот клуб.

Жалуз настапуваше во екипата на Кил, но поради големата конкуренција во германскиот тим, се реши да ја промени средината и да потпише за Барселона, со надеж дека многу повеќе ќе добива можност да настапува. Но со оглед на тоа дека и екипата на Барселона е вистински “дрим тим” во чии редови настапуваат еден Никола Карабатиќ, Сергеј Рутенка, останува отворено прашањето колку Жалуз ќе добива можност да ги покаже своите квалитети и во Барселона. Но едно е сигурно, Барселона го доведе еден од најперспективните леви бекови во овој момент и обезбеди квалитетен играч на подолг временски период.