Германската репрезентација успеа да се закити со златото на европското првенство и во својата татковина беа дочекани како херои. Нивниот селектор, Дагур Сигурдсон кој потекнува од Исланд, имаше големо влијание за овој златен медал.
Исланѓанецот на твитер ја објави и тајната со која успеа да ја совлада црвената фурија во финалето. Германците со тактиката на Сигурдсон успеја во првото полувреме да примат само шест голови, што можеби беше и клучно за понатамошниот дел од натпреварот.
Како му успеа тоа на Сигурдсон може да го разберат само тој и неговите ракометари кои успеја да ги спроведат неговите замисли и да дојдат до посакуваното злато.
На сликата која ја објави Исланѓанецот стои пораката:
„Само едноставно“.



