ЕХФ испрати последно предупредување: Сплит би можел дa ја загуби организацијата на ЕП?

Сплит би требало да биде еден од градовите домаќини на Европското Првенство кое догодина ќе се одржи во Хрватска. Сепак Европската Ракометна Федерација ги предупреди челниците на ХРС за некои недостатоци кои ги има „Спаладиум Арена“ и им даде рок од две недели да осигураат гаранија дека ќе ги исполнат сите услови. Во спротивно ќе им биде одземено домаќинството на една од групите. Проблемите се од финансиска природа, но постојат и забелешки за интрниот и екстерниот дел на салата.

„Со Арената нема да биде проблем. Евентуално би можело да има проблеми со градскиот буџет, но тој ќе биде донесен во јули. Секојдневно комуницираме со челниците на Сојузот и им порачавме дека можат да бидат мирни.“ – изјави градскиот советник за спорт од Сплит, Хрвоје Акрап.

Хрватските медиуми шпекулираат дека доколку му биде одземено домаќинството на Сплит, таа група би се играла во Задар. Македонија е во игра за пласман на ЕП и решавачките битки ќе ги има во јуни, кога ќе ја пречека Чешка и ќе гостува на Укрина, а претходно ќе го одигра и двомечот со Исланд.