Франција златна на турнирот за медиуми, во Македонија патува сребрен медал! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

На маргините на Европското првенство во ракомет, Арена Краков беше домаќин на традиционалниот турнир на медиумските претставници. „Полска 2016“ донесе неизвесност и возбудливи моменти, а по малку и ракомет. Учествуваа четири репрезентации, новинарите од Полска, Германија и Франција како и евромикс репрезентација во која покрај претставникот од Македонија учествуваа претставници од Србија, Хрватска, Ирска, Италија, Норвешка и Шпанија.

На репрезентациите на Германија и Франција им припадна честа да го отворат турнирот. Француските новинари уште на самиот старт го наметнаа своето темпо, но неизвесниот меч се одлучи со гол во последните моменти, а поуспешни беа Французите и со резултат 10-9 се пласираа во финалето.

Во вториот натпревар гледавме комплетна доминација на „европскиот“ тим, а домаќините исто како и нивната ракометна селекција останаа без финале. Европските новинари го совладаа составот на Полска со убедливи 9-5.

Во финалниот дуел новинарите од Франција беа порасположени и на крајот славеа со 9-6, јазичната бариера и невоиграноста беа причина за поразот на „европскиот“ тим иако по првото полувреме имаа нерешен резултат 3-3.

На крај со свеченост беа одбележани најдобрите ракометари на турнирот, а наградите ги доделија претставници од ЕХФ и ЕХФ медија. Македонскиот фоторепортер Филип Вирановски како дел од екипата на евромикс составот, постигна еден гол и го освои второто место на турнирот.

Почуствувајте дел од атмосферата на турнирот за медиуми преку објективот на 24Ракомет.

[gallery_bank type=”images” format=”masonry” title=”false” desc=”false” responsive=”true” display=”all” sort_by=”sort_order” special_effect=”grayscale” animation_effect=”fadeInRightBig” album_title=”false” album_id=”22″]

 ФОТО: ПЕТАР ШИМЛЕША