Игор Карачиќ: Не потценуваа, но ја покажавме нашата големина!

Македонскиот шампион Вардар испиша нова страница во клубската историја со победата над ПСЖ во финалето со што се искачи на врвот на Европа. Во трилер натпревар, избраниците на Раул Гонзалес беа подобар противник и со голот на Чупиќ во последната секунда го срушија составот на ПСЖ и во дебитантскиот настап на Ф4 се искачија на највисокото место на пиедесталот.

Игор Карачиќ иако денеска не настапи на финалниот натпревар, беше извонреден во текот на целата сезона.

 „Успеавме после четири години конечно да ја освоиме Лигата на Шампионите. Горд сум на сите на сите играчи, а особено драго ми е за Апрад Штербик кој ја освои МВП наградата на овој Ф4.

„Денес беше тежок натпревар бидејќи секој играч сака да влезе и да почуствува како е да се игра во финалето, но не е битно кој играше денеска, битно е што Вардар испиша нова историја. Играа имиња против тим, а Вардар порасна во еден голем колетив и сите гиневме на теренот во текот на целата сезона. Не потценуваа, но на крајот ја покажавме нашата големина со четири титули освоени оваа сезона“ изјави Карачиќ