Откако не помина Оливер Димитриоски: Косовски Кастриоти зема поранешен вардарец за тренер

Екс-тренерот на Прилеп и тренерот кој ќе биде помошник на Данило Брестовац во екипата на Металург, Оливер Димитриоски деновите е присутен и во медиумите на Косово. Според информациите кои ги објавуваат тамошните медиуми, тој имал неколку тренинзи со екипата на Кастриоти.

Бил кандидат за превземање на екипата, но управата не била задоволна па решила да му даде предност на домашен тренер.

„После одржувањето на 3-4 тренинзи од страна на Димитриоски дојдовме до заклучок дека неговиот квалитет е на нивото на тренерите од Косов0. Не видовме разлика ниту во техничкиот ниту во тактичкиот дел, па затоа се одлучивме на тренерската позиција да го поставиме поранешниот играч на Вардар, Верим Жерка. Тој ќе го води клубот во новата сезона“, вели директорот на Кастриоти, Лулзим Абази за botasot.info.

Новиот тренер на Кастриоти, Верим Жерка го носеше дресот на Вардар во сезоната 1993/94.

На Косово во минатото работеа многу макеоднски тренери, а некои од нив оставија и посебен печат во историјата на тамошниот ракомет. Првиот што успеа да направи успех на меѓународен план е Милчо Чакарески со тимот на Приштина откако го однесе тимот на европска сцена, ја оствари првата победа и прв мина коло во европските купови.