Отвореното игралиште во Струга ќе се вика – „Наумче Мојсовски“

Струга доби игралиште на кое во иднина ќе може да се играат натпревари од секаков карактер вклучувајќи и ракометни. Отвореното игралиште каде во минатото се одржуваше познатиот турнир во иднина ќе го носи името „Наумче Мојсовски“. Струшки ракометар кој беше предводни на генерацијата што го прослави градот сега има нова функција – претседател на РК Струга. Веќе направи многу чекори со кои најави враќање на Струга на ракометната карта во Македонија.

Плочката со натписот „терен Наумче Мојсовски“ е веќе поставена над излезот од теренот. Мала по димензии, но голема по важноста за тоа што Мојсовски му овозможи на градот повторно да гледа суперлигашки ракомет. Навивачите уште на самиот почеток на турнирот се огласија со транаспарент со кој му заблагодарија на Мојсовски што повторно ќе бидат дел од македонската елита.

Игралиштето во Струга во иднина треба да добие и покрив со што ќе има можност да се одржуваат настани без оглед на временските прилики во текот на летото. Сегашниот капацитет на седишта треба да се зголеми за уште најмалку 500 нови места и истото да биде место што ќе ги собере речиси сите вљубеници на спортот.

Компанијата Моцарт постави терен од специјална подлога која има гаранција од десет години на отпор на сите времснки услови. Ова игралиште е првото на кое е поставен терен на кој во иднина ќе може да се играат секаков вид натпревари.

Утре завршува турнирот во Струга кој е еден од најсилните во историјата, со учество на 8 тимови, со познати тренерски имиња, богата и славна клупска историја и играчи кои имаат зад себе освоено многу. Во финалето на турнирот ќе играат Целје и Констанца.