Омар Инги Магнусон ќе стане нов соиграч на Филип Кузмановски

Новата екипа на Филип Кузмановски, Магдебург не само што го засилува тимот за оваа сезона, туку веќе носи нови ракометари и за следната, а денеска официјално потпиша со Исланѓанецот, Омар Инги Магнусон. Тој ќе му се придружи на бундеслигашот следното лето и ќе преставува замена за Албин Лагергрен кој од 2020 година ќе настапува за Рајн Некар Левен.

Ракометарот кој во моментов го носи дресот на Алборг има 22 години и е веќе еден од најдобрите репрезентативци на Исланд. Настапува на позицијата десен бек и има голем потенцијал пред себе. Оваа сезона со тимот од Данска го освои и домашниот шампионат и купот така што беше еден од оние кои имаа голем придонес за тимот.

За репрезентацијата на Исланд веќе има 44 настапи и постигнато повеќе од 100 погодоци. Магдебург во него добива огромно засилување за иднина.