Од кал да е, Карачиќ да е…(ВИДЕО)

Веројатно нема некој од македонските вљубеници во ракометот што не слушнал за доскорешниот играч на Вардар, Игор Карачиќ. Малкумина го знаат неговиот брат Иван Карачиќ, а веројатно никој не го слушнал името на Павле Карачиќ.

Овој харизматичен ракометар, кој има 27 години, настапува за шведскиот Ескилстуна Гуиф, а во неговите квалитети имавме можност да се увериме на турнирот во Струга. Тој беше клучен играч во ремито со Бутел Скопје, а го постигна и израмнувачкиот погодок.

Карачиќ игра на десната крилна позиција, а потекнува од составот на Лунд. Потоа играл за Хенштет, германскиот Ајнтрахт Хаген, пред да се врати во шведскиот АИК.

За 24Ракомет, Павле откри дека Игор и Иван му се подалечни роднини и дека додека Игор играл за Борац Бања Лука ги сретнал во земјата на неговите родители, Босна и Херцеговина.

“Го следам Вардар, многу ми се допаѓа што македонскиот ракомет и многу е убаво да се види дека овој спорт е национален во Македонија”, вели Карачиќ за 24Ракомет ТВ.

Целосната изјава погледнете ја во продолжение…