Од Данска до Јапонија, комплетен пласман на Мундијалот

Светското првенство финишираше вчера со финалето меѓу Данска и Норвешка кое заврши со резултат 31:22 во корист на домаќинот на шампионатот. Со тоа практично беше добиен состав кој првпат ја освои круната на Мундијалите.

Ова воедно го затвори шампионатот и даде одговор на сите прашања кои се очекуваше да бидат одговорени на ова првенство. Според тоа Данска е шампион, па покрај титулата си обезбеди и директен пласман на следното Светско првенство, а воедно и место на Олимписките игри каде ќе ја брани титулата.

Селекциите на Норвешка, Франција, Германија, Шведска, Хрватска и Шпанија, пак, одат во квалификациите за Олимписките игри, а Египет е прва резерва на овој список.

Како што е познато уште од минатата недела Македонија финишираше на 15. место исто како и на Мундијалот во 2017 година.

ПЛАСМАН

1 – ДАНСКА

2 – НОРВЕШКА

3 – ФРАНЦИЈА

4 – ГЕРМАНИЈА

5 – ШВЕДСКА

6 – ХРВАТСКА

7 – ШПАНИЈА

8 – ЕГИПЕТ

9 – БРАЗИЛ

10 – УНГАРИЈА

11 – ИСЛАНД

12 – ТУНИС

13 – КАТАР

14 – РУСИЈА

15 – МАКЕДОНИЈА

16 – ЧИЛЕ

17 – АРГЕНТИНА

18 – СРБИЈА

19 – АВСТРИЈА

20 – БАХРЕИН

21 – САУДИСКА АРАБИЈА

22 – КОРЕЈА

23 – АНГОЛА

24 – ЈАПОНИЈА