Одорхеи ги стартуваше подготовките за новата сезона (ФОТО)

Средината на јули е период кога романските екипи ги започнуваат своите подготовки за претстојната сезона. Меѓу првите екипи кои стартуваа со подготовките е составот на Одорхеи, екипа за која настапуваат Горан Кузмановски, Гоце Ојлески и Милорад Кукоски. Наредните неколку денови екипата ќе ги посвети на интегрирање на новите засилувања и подигнување на тимскиот дух со прошетки и велосипедски тури, а од 18 јули пристигнува новиот кондициски тренер Флориан Василчан.

Македонскиот ракометар со најдолг стаж во клубот, Горан Кузмановски од оваа сезона ќе добие и нова задача како дел од тренерскиот тим во клубот.

13695784_10208258721698916_1192313448_n

Со конференција за медиуми претседателот на клубот и капитенот означија официјален почеток на новата сезона. Според планот, подготовките ќе се одвиваат во спортскиот комплекс во Одорхеи, а за почетокот на август предвидено е гостување во Шпанија и натпревари со силни противници пред започнување на регуларната сезона.

Одорхеи ја заврши сезоната на петтата позиција во романскиот шампионат, но оваа сезона амбициите на клубот се насочени кон подобрување на генералниот пласман.