Одлично деби на Јанеска и Мечевска

Нашите интернационалки кои настапуваат во турскиот шампионат денеска стартуваа победнички. Екипата на Анкара на домашен терен беше посупешна од Измир Б.С.Б и славеше победа со 26-23. Капитенот на нашата репрезентација Робертина Мечевска прикажа добра игра и на два пати успешно стрелаше кон противничкиот гол, нејзината игра беше надополнета со уште две ситуации во кои таа обезбеди удари од линијата од 7 метри за својата екипа.

Одлично деби денеска имаше другата македонка во тимот на Анкара, младата Моника Јаневска која беше предводник на својата екипа кон победата со нејзините 10 погодоци.

‘Ова е нов тим во турската супер лига со многу нови играчи. Иако победивме верувам дека оваа екипа може многу повеќе и подобро да изигра. Се надевам дека од натпревар во натпревар ќе бидеме се подобри” – за 24ракомет изјави Робертина Мечевска

”Со оглед на фактот дека се работи за нова екипа која допрва треба да се докажува сметам дека стартуваме одлично. Задоволна сум од играта која ја прикажав и во овој момент победата е многу битна затоа што таа ќе влијае на нашата мотивација за идините предизвици кои престојат во турскиот шампионат” изјави Моника Јанеска

1974488_10204217824517682_239130493_n
Анкара 1910