Одлично деби на Нолевска – „петка“ во мрежата на Униреа

Македонската репрезентативка Наташа Нолевска во новата сезона ќе има нов предизвик по настапите во данскиот шампионат за Виборг и Рингкобинг.

Десното крило од летово ќе настапува за романската екипа Корона Брашов, која има високи амбиции дома и на европска сцена во ЕХФ Купот.

Нолевска веќе дебитираше за Корона и на првиот меч против Униреа, кој го доби нејзиниот тим со 32-22, постигна пет голови.

На вториот контролен натпревар против истиот ривал, Корона славеше со 31-23, а македонската интернационалка постигна еден погодок.