Обрван: Со должна почит, мислам дека Хрватска е многу блиску до победа на денешниот натпревар

Пред денешниот дуел со Македонија, за хрватските медиуми покрај Лино Червар интересен е и уште еден поранешен хрватски селектор на македонската клупа. Станува збор за Ивица Обрван кој во периодот од 2013 до 2016 година го предводеше Македонскиот национален тим на две европски и едно светско првенство.

Обрван со респект говори за Македонија, но и покрај се смета дека Хрватска е многу блиску до победата на денешниот дуел.

“Можеме да очекуваме еден доста интересен натпревар против навистина тежок противник. За мене тоа е една многу драга и земја и репрезентација која ја тренирав од 2013 до 2016 година, имавме настапи на две Европски и едно Светско првенство, со квалитетни резултати во рамките на нивните можности. Со должна почит, мислам дека ние сме фаворити и доколку го понудиме сето она што знаеме и умееме мислам дека сме многу блиску до победа на овој натревар”- го заврши своето излагање за вечерашниот дуел поранешниот македонски селектор Ивица Обрван.