Обрван: Се надевам дека во продолжение на квалификациите ќе забележиме добри резултати кои ќе нè однесат на ЕП2016!

По првиот натпревар од квалификацискиот циклус против Франција, своите ставови на прес-конференцијата ги споделија двата селктори како и репрезнтативците Гоце Георгиевски и Тјери Омејер.
FLP_8613-2
Ивица Обрван, селктор на македонската репрезентација:

Им честитам на селекторот Онеста и на Омејер на победата и за добриот натпревар. Ова е дело на еден квалитет и на искуството кое е собрано во една ваква величенствена репрезентација. Бевме блиску до изненадување, но пресудија нијанси. Одличен беше Тјери Омејер како и еден од играчите во мојот тим, Н’гесан на левата бековска позицја. Се надевам дека во продолжение на квалификациите ќе забележиме добри резултати кои ќе нè однесат на Европското првенство.

Клод Онеста, селектор на репрезентацијата на Франција:

Задоволен сум од овој натпревар, одигравме добар меч. Знаевме дека овој натпревар нема да биде лесен и добро се подготвивме. Македонија е добра репрезентација одиграа одличен натпревар и им честитам на тренерот,на ракометарите и публиката за одличната игра и атмосфера.
Имавме три дена да се подготвиме за овој дуел, но сепак се надевавме на победа и очекувавме победа, вашата екипа е многу искусна составена од ракометари кои играат во Лигата на шампиони но на крај покажавме дека ние сме поквалитетни.

FLP_8590-2
Тјери Омејер, голман на репрезентацијта на Франција:

Знаевме дека овој натпревар ќе биде тежок, одбраната беше на високо ниво кај двете селкции и беше неизвесно до самиот крај на натпреварот. На крај ние бевме посреќни.

Гоце Георгиевски, репрезентативец на селекцијата на Македонија:

Треба да бидеме горди од она што го одигравме денес, одигравме рамо до рамо со една репрезентација како што е Франција. Сметам дека публиката уживаше во натпреварот, ние одиме понатаму со добра игра против останатите екипи во квалификациите да обезбедиме место на Европското првенство.

Возвратниот дуел на програмата е веќе во недела на 03.05.2015 со почеток во 17:05, а домаќин ќе биде градот Тулуз.