Обрван добива засилување во Шамбери: Нико Миндегија потпиша двегодишен договор

По краткиот престој во Колдинг, Нико Миндегија потпиша две годишен договор со тимот на Шамбери. Шпанскиот инернационалец со данскиот тим Колдинг имаше договор од две години со можност за продолжување на договорот на уште една година, сепак по само една одиграна сезона се реши да ја промени ракометната средина и од наредната натпреварувачка сезона ќе ги брани боите на Шамбери.

Со трансферот на Миндегија, францускиот тим добива класичен среден бек, којшто има одлична визија на играта и одлична соработка со пикерот. Во таборот на Шамбери со новата аквизиција очекуваат да добијат играч кој ќе го подигне нивото на играта и ќе биде од голема помош во наредните предизвици кои го очекуваат петто пласираниот тим во француското првенство во моментов.

Миндегија кареирата ја започна во шпанскиот тим Портланд Сан Антонио. Потоа следуваше трансфер во Ла Риоха, а првото интернационално искуство, шпанскиот репрезентативец го доби во екипата на Пик Сегед во која настапуваше три години. Во 2016 година, Миндегија го засили тимот на Колдинг. Има одиграно 23 натпревари за репрезентацијата на Шпанија и постигнато 31 гол. Беше во составот на ,,црвената фурија’’ на Европското првенство во Полска, каде што се закити со сребрен медал.

                                                                                                              Благоја Филиповски/А.И
ФОТО:Szeged.hu