Обрван го објави поширокиот список за бараж дуелите со Грција

Селекторот Ивица Обрван го објави поширокиот список на ракометари за престојните бараж натпревари против селекцијата на Грција за пласман на СП во Катар 2015 година. На поширокиот список шанса ќе добие и Дарко Димитриевски кој направи трансфер во Асобал лигата ( Пуерто Сагундо) како и тројката млади играчи на Металург, иднината на македонскиот ракомет Филип Талески, Мартин Манасков и Мартин Велковски. Повикани се и повредените Наумче Мојсоски и Стојанче Стоилов кои доколку навреме се рехабилитираат од повредите секако ќе бидат во комбинација за престојните дуели. Првиот натпревар со Грција се игра на 7 јуни во Атина, а реваншот е на 15 јуни во Скопје.

Поширок список на репрезентативци:

Голмани:

Борко Ристовски (Ал Ахли)

Петар Ангелов (Вардар)

Никола Митревски (Металург)

Стефан Кимевски (Металург)


Леви крила:

Дејан Манасков (Металург)

Гоце Ојлески (Металург)

Владо Недановски (Вардар)


Пикери:

Стојанче Стоилов (Вардар)

Ванчо Димовски (Металург)

Никола Марковски ( Металург)


Леви бекови:

Наумче Мојсовски ( Металург)

Филип Лазаров ( Вардар)

Дејан Пецаковски ( Металург)

Ацо Јоноски ( Металург)

Велко Маркоски (Металург)

Филип Талески (Металург)

Дарко Димитриевски ( Пуерто Сагунто)


Централни бекови:

Филип Миркуловски ( Металург)

Никола Стојчевски (Редбергслид)

Немања Прибак ( Вардар)

Мартин Манасков (Металург)


Десни бекови:

Кирил Лазаров ( Барселона)

Ренато Вугринец ( Металург)

Влатко Митков (Кремс)

Мартин Велковски ( Металург)