Норвешка со официјален приговор до ЕХФ: Последниот гол на Германија со осум германски ракометари (ВИДЕО)

Германскиот состав победи во драматично полуфинале по продолженија, со гол во последите секунди на натпреварот. Резултатот e 33-34 и тоа ќе биде официјалниот резултат на првенството и покрај нерегуларноста и превидот на судиите и делегатите.

Во последниот напад Германија влезе со шест играчи и еден маркер, но притоа германскиот голман заборави да направи измена, сето тоа резултираше со гол и победа на Германија во последните секунди од натпреварот.

Вечерва Норвешка поднесе официјален приговор за овој превид на официјалните лица, а ЕХФ утре во претпладневните часови треба да ја донесе конечната одлука по овој приговор.

https://www.youtube.com/watch?v=00GExJxho-Q

 

Едно е сигурно, натпреварот заврши и резултатот е финален без разлика дали во него играле и вонземјани, бидејќи тоа го налагаат правилата на ЕХФ. Доколку се докаже дека навистина имало осум играчи од една екипа на терен во финалните моменти, единствена сатисфакција на Норвежаните ќе им биде казната која ќе ја заработат судиите, францускиот пар Пичон и Ревере, потоа делегатот Џурковиќ и супервизорот Мигас.