Норвежанката Морк со најмногу голови на Мундијалот

Десниот бек на Норвешка, Нора Морк заврши на највисоката позиција на Листата на стрелци на Светското првенство откако уште пред одигрувањето на финалето имаше 59 гола со кои беше пред конкуренцијата.

Таа во финалето против Франција постигна седум гола и само го потврди освојувањето на наградата за прв стрелец на Мундијалот, а таа беше и дел од ол-стар тимот како најдобар десен бек.

Сепак, не успеа да дојде до златото, па се задоволи со сребрениот медал.

ТОП 10

66 – Нора Морк (Норвешка)

58 – Лоис Абинг (Холандија)

47 – Ивета Лузумова (Чешка)

46 – Изабеле Гулден (Шведска)

44 – Каролина Кудлач Глок (Полска)

44 – Стине Бредал Офтедал (Норвешка)

43 – Сабине Фиоре (Парагвај)

43 – Ана Грос (Словенија)

43 – Маркета Јерабкова (Чешка)

42 – Јованка Радичевиќ (Црна Гора)

42 – Катарина Булатовиќ (Црна Гора)

42 – Кристина Неагу (Романија)