Нов соиграч за Лазаров: Уште една легенда на шпанскиот ракомет во Нант

Сезоната во француското првенство започна минатиот викенд, но екипата на Нант сè уште ги прави последните корекции во ростерот. Најновото засилување доаѓа од Шпанија. Се работи за искусниот бек Антонио Гарсија Робледо.

Искусниот 35 годишен лев бек во Нант пристигнува од Гранолјерс. Робледо би требало да биде замена за Роман Лагард на левата бековска позиција кој замина во Рајн Некар Левен. Низата шпански ракометари продолжува, а секако за овој трансфер најзаслужен е новиот шпански стратег на Нант.

Нант го објави потпишувањето на договорот со Робледо кој е со траење до крајот на сезоната 2019/20.

Шпанецот има стекнато големо искуство играјќи во најголемите клубови во Европа. Го носеше дресот на Адемар Леон, Барселона, ПСЖ, Пик Сегед, ЧСМ Букурешт и Колдинг. Во 2013 година со репрезентацијата на Шпанија стана светски првак.