Нов предизвик: Стефанија Мишевска потпиша за шведскиот Боден

Кружниот напаѓач Стефанија Мишевска, која во минатата сезона ги бранеше боите на чешката екипа Бањик Мост, во новата сезона ќе има нов предизвик.

Македонската интернационалка потпиша договор со Боден и во иднина ќе настапува во шведскиот шампионат.

Мишевска потекнува од Ѓорче Петров, а настапуваше и за Вардар Јуниор со кој играше во Челинџ Купот.  На меѓународна сцена освен за Бањик Мост, беше дел и од германскиот Висмар.