Нов предизвик: Матеја Серафимова потпиша за дански Ринкобинг!

Македонската репрезентативна голманка Матеја Серафимова, во новата сезона ќе има нов предизвик. Таа потпиша две годишен договор со данскиот тим Ринкобинг, кој го напушти елитното друштво и догодина ќе игра во Првата Дивизија.

Тековната сезона Серафимова беше дел од чешката екипа Славија Прага, а претходно го бранеше голот на Металург и на грчкиот тим ПАОК од Солун.

„Баравме темпераментен голман со победнички дух, и мислам дека тоа го има кај Матеја“, изјавија од раководството на Ринкобинг.

„Играв во Славија Прага, таму беше добро, но сакав да направам уште еден чекор напред во мојата кариера. Данска е една од најдобрите ракометни земји, и сигурно овде ќе можам дасе развивам како голман уште повеќе. Се надевам дека заедно ќе ги оствариме високите амбиции“, вели Серафимова.

Во Данска ќе играат уште и Сара Митова и Драгана Петковска во тимот на Сондерјиск, а не е исклучено ниту Наташа Нолевска да ја продолжи кариерата во оваа скандинавска држава.