Нов дебакл на Македонија: Исланд убедлив пред возвратниот дуел!

На едно коло пред крај на групната фаза, заврши квалификацискиот циклус за македонската женска репрезентација. Иако сите веќе однапред ги отпишаа најдобрите македонски репрезентативки по двата пораза од Италија, Исланд им пружи нова шанса која беше само во рамките на теоријата. Денес во Рејкјавик, македонските ракометарки се поразени со 33-23 (17-12).
Првите 6 минути беа пресудни за текот на натпреварот, серија од 4-0 за сигурен старт на Исланд и увертира за тоа што следува. Деспотовска во 7-та минута го постигна првиот погодок за Македонија. Одбраната на гостинките допушти 17 голови во првото полувреме, а Македонија резултатски најблиску беше во 26-та минута кога Штеријова со два гола го намали резултатот на 14-10. Првата двоцифрена предност Исланд ја достигна во 40-та минута, 26-16. Остатокот од натпреварот беше само формалност.
Македонија немаше решение за Кнудсдотир која постигна 14 погодоци, а Мечевска беше 6 пати прецизна за Македонија.